Македонија
18. January 2016 - 14:30

Во Крушево лани легализирани 561 дивоградби

Одделението за катастар во Крушево во 2015 примило и решило 7.423 предмети, а досега се легализирани 561 објект, констатирааа денеска директорот на Агенцијата за катастар на недвижности на Македонија Славче Трпевски и првиот човек на Управата за имотно-правни односи  Зоран Крстаноски, кои во Крушево ја отворија манифестацијата „Заеднички отворени денови на Агенцијата за катастар на недвижности и на Управата за имотно-правните работи за граѓаните“.
 
- Крушевското одделение за катастар беше меѓу првите во земјава кои ја завршија дигитализацијата на катастарските планови, а помогна и во дигитализацијата на одделението во Демир Хисар, изјави Трпевски.
 
На 29. декември минатата година Агенцијата за катастар го пушти во употреба дистрибутивниот систем кој овозможува со попуст од 20 отстоо граѓаните да ги користат услугите. Според него, најмногу се бара имотниот лист.
 
- Досега овој дистрибутивен систем го искористиле 223 физички и правни лица. Електронскиот имотен лист достапен по 150 денари  е најбаран, а достапни преку е-урбанизам се и градежноте дозволи. Имотен лист ќе може да добиваат и земјоделците кои користат субвенции.Така електронските услуги веќе ги користат граѓаните од секаде. Досега се најавиле жители од Прилеп, Охрид, Битола, Скопје, од Крушево, а Агенцијата има корисници и од Торонто, Канада, објаснува Трпевски.
 
Крстаноски  уверува дека во Крушево граѓаните немаат проблем со приватизацијата на земјиштето иако се знае дека централното староградско јадро е заштитето со  закон.
 
- Ваквиот статус на централното јадро има влијание во постапките за легализација. Но, со последните измени во Законот за легализација воведе олеснителни околности кога е во прашање со Закон заштитетно подраќје, рече Крстаноски.
 
Според Крстаноски одделението за имотно-правни работи во Крушево прими 2.600 предмети до крајниот рок за приватизација на земјиштето, а работи и на  2500 предмети од Битола.
 
- Од крушевските 2.600 предмети, остануваат да се решат уште 400. Од нив, во 100 случаи е прекината постапката за да се направат геодетски елаборати или да заврши оставинска постапка. Од битолските 2500 предмети, досега се решени 500 предмети, објаснува Крстаноски.
 
За градоначалникот на Крушево Ѓорѓи Дамчески одлична е соработката на локалната самоуправа со Агенцијата за катастар и  со Управата за имотно-правни односи.
 
- Треба да се нагласи дека во тек е запишувањето во катастарот на еден капитален проект- тоа е цевковод во должина од 9 километри, изграден на падините на Бушова Планина. Инаку, во одделението за урбанизам на општината досега се поднесени 1.940 предмети за легализација на имоти. Од нив 250 се позитивно решени, 210 се во постапка на решавање. Ги потсетувам крушевчани да изготват елаборати за побрзо да се реши легализацијата на нивните имоти, рече Дамчески.