Македонија
3. јуни 2020 - 17:00

Во Кривичен нема заразени - од денеска по 100 рочишта во судската зграда во еден ден

Кривичниот суд тврди дека кај нив нема нитуи еден заразен со Корона вирусот. По вчерашните пишувања за наводно вработен во судската писара позитивен на ковид 19, од судот денеска велат дека ваквите шпекулации не биле вистинити.

„Посочениот колега беше упатен на тестирање и по добиените резултати истиот е негативен на вирусот, за што до управата на судот е доставен и резултатот од тестирањето“, велат од Кривичен.

Додаваат дека во моментов ниту еден вработен не пријавил контакт со заболен или дека му е дадена препорака за самоизолација.

Во вакви услови  денеска судот започна со вообичаена работа. Судскиот совет препорача да се одржуваат судења за сите предмети.. Дневно е предвидено да се одржуваат по 100-тина рочишта.

Сепак тековната вонредна состојба и мерките кои ги користат хронично болни и мајки, ги одложуваат дел од рочиштата. Судењето за Титаник не се одржа поради отсуство на адвокати кои го информирале судот дека согласно препораките за заштита од ковид нема да присуствуваат на рочиштето.

Во период на корона кризата, кривичен имаше и две пресуди - за предметите Транспортер и Титаник 3.