Во Крива Паланка се одржа Меѓународниот фолклорен фестивал за деца “Паланечка тројка”
Околу двесте играорци и играорки на возраст од шест до четиринаесет години беа дел од првиот меѓународен фолклорен фестивал за деца што се одржа синоќа во Крива Паланка.
Фестивалската програма започна со орото „тројка”, ја отворија домаќините, членовите на културно-уметничкото друштво „8 Октомври” кое работи под патронот на Националната установа Центар за култура Крива Паланка, организатор на фестивалот.
– Фестивалот е модел на ожиување на фолклорот,негова популаризација помеѓу младите, преку традиционалната фолклорна ризница на младите да им се доближи традицијата и истата да се сочува од заборав, да се пренесе од генерација на генерација богатата колективна народна културна ризница, изјави директорката на НУ Центар за култура Крива Паланка, Мира Ѓоргиевска.
Меѓународниот фолклорен фестивал за деца “Паланечка тројка” е поддржан од Министерството за економија како проект од областа на туризмот, со цел пошироката домашна и меѓународна јавност да се запознае до орото, мелосот од овој крај , што придонесува за развој на туризмот.
На фестивалот настапија пет ансамбли на КУД “8 Октомври”, со вкупно осумдесет играорци, КУД „Младост“ од Ковин, Република Србија, КУД „Етнос“, Скопје, КУД „Мирка Гинова“, Демир Капија, ФА „Мугри“, Кочани и КУД „Јанко Глигоров“, Свети Николе, а двочасовната програма беше заокружена со орото со кое започна фестивалот и чие име го носи “Паланечка тројка” во кое се приклучија голем број присутни граѓани и орото се играше во кругот на целиот плоштад.
Организаторот,НУЦК Крива Паланка додели благодарници за поддршка на учесниците, покровителите,на локалните институции и стопанственици овозможија успешна реализација на премиерното издание на фестивалот што се планира да прерасне во традиционален и од следната година да биде повеќедневен.
Ново на Сител
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење