Во Крива Паланка се асфалтираат две улици
Асфалтирана е една, а се работи и на другата улица во кривопаланечката населба „Трештен дол“, со средства обезбедени од буџетот на локалната самоуправа, информира градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, кој изврши увид на работите на терен.
Асфалтирањето е во рамки на Програмата за изградба, реконструкција и оддржување на локалната патна инфраструктура за 2017 година.
- Едната улица во горниот дел на населбата е целосно асфалтирана. Истата беше тешко пристапна за да се достави градежниот материјал и асфалтот, но работата е успешно реализирана. Се работи и на поставување асфалт на уште една улица во долниот дел во овааа населба, каде е изградена и одводна канализациска мрежа, па се асфалтира, изјави Алексовски.
Жителите од населбата, како што рече, имале барања за асфалтирање на едната улица, а реконструирани се две улици.
- Активностите од Програмата за изградба, реконструкција и заштита на локалната патна мрежа имаат за цел подобрување на условите за живеење на жителите на сите делови од општината и со истата тековно се рехабилитираат делови од улички во градските и приградски населби,а се врши и крпење на ударни дупки, додаде Алексовски.
Во рамки на тековната програма се работи и на санација на помали делови или краци од постоечки улици, а деновиве е извршено и обележување на хоризонталната патна сигнализација на главната улица „Свети Јоаким Осоговски“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација