Македонија
7. December 2016 - 15:21

Во Крива Паланка промоција на „Исплетена детска среќа“

Во градската библиотека „Кочо Рацин“, Крива Паланка денеска беше промовирана првата стихозбирка за деца од кумановската авторка Божана Перо Трајковска, насловена „Исплетена детска среќа“.

Ова е прва детска книга на кумановчанката Трајковска, писател и претстедател на Здружението на поети – Куманово.

Делото кое обработува широк спектар од теми и мотиви од детскиот живот и е добитник на втората награда од Здружението на просветни работници и литературни творци на Република Македонија.

- Јас сум среќна секогаш кога сум меѓу децата. Од се срце творам за нив, а ќе настојувам и понатаму да творам за децата зашто ме инспирираат многу, иако јас повеќе создавам творештво за возрасни, изјави Трајковска.

Делото го промовираше кумановскиот поет Иле Наумов.

- Збирката содржи шест теми, „дете најубаво цвете“, „гласот на мајката“, „се тркала времето“, „за да бидеш здрав“, „природата не кани“ и неколку игри по физичко воспитание. Секогаш проткајува по некоја поука и совет кои ќе го движат напред детето со позитивна мисла и карактер, затоа што тоа најмногу се цени во животот, додаде Трајковска.

Промоцијата е дел од годишната програма на Националан установа Центар за култура, Крива Паланка, во чии рамки функционира библиотеката.

- Покрај оваа промоција, последна од аспект на детска книжевност и активности кои ги анимираат најмладиет читатели, читателската публика од градот ќе има можност да проследи уште една промоција на книга од млад кривопаланечки автор, со која ќе ја заогружиме годинашната програма од оваа дејност, рече Даниела Петрвска, раководител на градксата библиотека „Кочо Рацин“.

Истакна дека сите активности се насочени кон доближување на современата книжевност, најновите изданија од областа на белетристиката и останати актуелни наслови, како што рече, до сиот читателски аудиториум од Крива Паланка, со акцент на подршка на млади автори.