Бизнис
31. March 2016 - 11:42

Во Крива Паланка поднесени 631 барање за легализација на дивоградби

Вкупно 631 барање се поднесени досега во Крива Паланка за легализација на бесправно изградени објекти, соопшти Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина.

Рокот за доставување на барањата истекува денеска. Според локалната самоуправа, интересот на граѓаните е огромен.
 
- Досега се поднесени 631 барање, а се очекува денеска да се создаде гужва ако се земе предвид интересот на паланчани, особено во изминатите два-три дена. Важно е да напоменеме дека овој рок важи за објекти од сите намени, освен за оние со земјоделска намена. Важи конкретно за сите објекти со дефинирана намена, за домување, туризам, трговија, лесна-незагадувачка индустрија, туризам, трговија,.., изјави раководителот на Одделението Добривој Николовски.
 
Овој рок важи за објектите изградени до 2 март 2011 година кога и стапи на сила Законот за постапување со бесправно изградени објекти. 
 
Николовски информира дека досега во Крива Паланка се легализирани 600 дивоградби. Освен одобрените барања, 21 било решено негативно, а 894 се во обработка, додека 2121 барање се уште се некомплетирани.