Во Крива Паланка отворена изложбата „Лазар Софијанов“
Во галерискиот простор на Националната установа Центар за култура Крива Паланка денеска беше отворена изложбата на дела од последната 26-та Детска ликовна колонија „Лазар Софијанов“, Кратово 2019.
– Изложени се триесет дела од минатогодишната колонија што се одржа во Домот на културата „Лазар Софијанов“, Кратово, а истите се создадени петнаесетмината учесници од Кочани, Кратово, Струмица, Скопје, Прилеп и Велес. Создадените дела од колонијата содржат и слики од професорите по ликовна уметност, ментори на колонијата, информира Вања Јакимовска, одговорна за ликовна дејност во НУЦК Крива Паланка.
Делата се работени во техника масло на платно и акрил на платно, а ќе бидат изложени пред Кривопаланечката јавност во следните десетина дена.
-Оваа изложба е дел од проектот на нМинистерството за култура за преземање на изложби, а се реализира во рамки на Годишната програма на Центарот за култура, додаде Јакимовска.
Во февруари НУ Центар за култура Крива Паланка реализира повеќе активности, како двете проекции на „Медена земја“ и „Глас“, поетски перформанс „Вино преточено во љубов“ и денешната изложба, а во понеделник на репертоарот е гостувањето на аматерски театар „Мирка Гинова“ од Демир Капија, со претставата „Умри машки“.
Претставата ќе се прикаже во понеделник, со почеток во 19 часот и 30 минути, а влезот чини 50 денари.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата