Македонија
27. September 2017 - 9:59

Во Крива Паланка отворена изложбата „Круг и квадрат“

Изложбата „Круг и квадрат“ на академските ликовни авторки Петра Јовановска и Валентина Илијевска од синоќа е поставена во изложбениот салон на Национална установа Центар за култура, Крива Паланка.

Поставени се триесет дела, работени во комбинирана техника со нагласена употреба на колаж, графика и дигитален принт.

- Двете авторки се претставуваат со своите концепти и истражувања во рамки на современиот визуелен израз базиран на дигиталната технологија и геометризирана структура, движејќи се по скалата од симплифицирани решенија до сложено структуирани композиции. Кривопаланчани ќе имаат можност да ја погледнат префинетата структура на делата кои ќе бидат поставени во галеријата во следните две седмици, истакна Вања Јакимовска.

Изложбата се реализираше во соработка со НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово