Во Крива Паланка одбележан Денот на превенција
Полициските службеници се тука за вас, да ве заштитат, да помогнат за безбедно живеење на луѓето, особено за младите, им рече при денешната посета на Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка на основците од градот командирот на станицата, Дејан Маринковски.
Околу триесет ученици од основните училишта „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“, заедно со нивните ментори и наставници, беа во посета на кривопаланечката Полициска станица по повод Денот на превенција – 9 декември.
– Полицијата е блиску до граѓаните, редовно организираме активности во соработка со училиштата и локалните институции, а денесака учениците ги посетија нашите канцеларии, беа гости во мојата канцеларија, во одделенијата со униформирани служби и во цивилка, поминаа низ службите за разузнавање, за преземање истражни мерки, сообраќај и превенција, служба за криминалистичка техника. Се запознаа со типови прекршоци, кривични и останати, издавање патни исправи и други, со цел да се запознаат со работата на полицијата и да се доближат до нив како служба, за да сите млади во општеството бидат примерни граѓани во иднина, потенцира Маринковски.
Во однос на превенција во претстојниот период низ училиштата, тој најави дека ќе се реализираат и предавања за заштита од употреба на пиротехнички средства, а редовно, во текот на годината, преку повеќе проекти, како „Безбедно училиште“, се врши едукација на младите и низ работилници се посветува внимание на превенцијата од злоупотреба на наркотични средства, алкохол и никотинизам, безбедност во сообраќајот и останато.
Неделата за превенција ќе биде заокружена на 15 декември, кога во спортската сала „Бранители 2001“ ќе се одржи турнир во мал фудбал, а ќе учествуваат екипи од ученици, од совет на родители и наставници, а ќе бидат вклучени и претставници од локалниот Совет за превенција.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка