Во Крива Паланка легализирани 1.162 бесправно изградени објекти
Заклучно со 31 декември 2016 година Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина од Крива Паланка има издадено вкупно 1.162 решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
Во законски утврдениот рок, трети септември 2011 година, до надлежното одделение биле доставени 3.612 барања за легализација на дивоградби.
- До нашето одделение до крајот на минатата година беа доставени 1972 геодетски елаборати. Од вкупниот број поднесени барања, 1.162 се решени позитивно, додека 810 се во фаза на обработка и решавање доколку се комплетни, додека за 1.640 барања не е доставен геодетски елаборат, изјави Добривој Николовски, раководител на Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина во општина Крива Паланка.
Според него доколку по конституирање на новиот парламентарен состав и Влада не се донесат одлуки или решенија за повторно пролонгирање на рокот за доставување елаборати, за сите 1.640 барања во кои истиот недостасува ќе бидат изготвени негативни решенија.
Согласно измените на Законот за легализација на дивоизградените објекти, барање за легализација на бесправно изградени објекти поднесуваа граѓаните чија дивоградба е изградена до 3 март 2011 година.
Во дополнителниот рок за доставување барања за легализација кој траеше до 31 март 2016 година до Одделението за урбанизам од Крива Паланка биле доставени 810 барања за кои рокот за поднесување геодетски елаборати истекува на 31 декември 2017 година.
Ново на Сител
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи