Македонија
21. May 2021 - 10:46

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 8 пациенти, а вкупно се лекуваaт 142 болни

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 8 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 142 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 2  приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 2 примени пациенти и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти.

Во  ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 25 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 49 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 67

 пациенти.

Вкупно 142 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 150 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Поради намалениот број на пациенти, од денес се затваат сите ковид центри на Интерните клиники и во Комплексот Мајка Тереза ковид позитивни пациенти ќе примаат само Институтот за ТБЦ и Клиниката за Инфективни болести.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.