Македонија
16. May 2021 - 9:58

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 17 пациенти, а вкупно се лекуваaт 203 болни

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 203 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 6 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 10 оздравени пациенти.

Во  ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 54 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 78 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 70

 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот.

Вкупно 203 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 180 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.