Македонија
18. November 2020 - 14:56

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 45 пациенти, а вкупно се лекуваат 440 болни

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 45 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 440 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 21 прием и тоа осум пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, двајца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, 11 пациенти се примени на Клиниката за нефрологија. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 14 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени десет лица.  

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 38 оздравени пациенти

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 38 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 49 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, а во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 159 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти, од кои 11 деца и 30 возрасни.

Вкупно 440 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Во текот на утрешниот дена ќе се отвори за прием и ковид центарот на Клиниката за очни болести со капацитет од 33 кревети.

Сите новоотворени инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.