Во Косовска Митровица приведен Марко Ѓуриќ, директор на српската Канцеларија за Косово
Припадници на специјалната полиција го приведоа денеска директорот на српската Канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ.
Заедно со Ѓуриќ уапсен е и неговиот соработник Жељко Јовиќ кој е повреден во обидот да се спротистави на апсењето, јави Танјуг.
Засега не се знае каде е Никола Селаковиќ, генерален секретар во Кабинетот на претседателот на Србија.
Ѓуриќ е приведен во салата во која се одржувал разговор во рамки на внатрешен дијалог за Косово.
Српски жители во Косовска Митровица се обидоа да спречат влегување во зградата каде бил Ѓуриќ, по што косовската полиција употреби шок бомби.
Во градот се огласија сирени за тревога.
Тој заедно со Никола Селаковиќ,генерален секретар во Кабинетот на претседателот се во северниот дел од Косовска Митровица од 17 часот за да учествуваат во разговор во рамки на внатрешен дијалог, јави Танјуг. Претходно од Приштина беше соопштено дака им е забранет влез на територијата на Косово.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација