Во Косово уапсени две лица поради финансирање на борци на ИД
Во две одделни операции на косовската полиција уапсени се две лица под сомнение дека помагале за собирање пари и финансирање на борци за Исламска држава во Сирија и во Ирак.
Едниот од осомничениот е бизнисмен од Приштина кој ја користел фирмата за финансиска и логистичка поддршка на лицата кои врбувале доброволци за ИД и на самите доброволци кои заминале во конфликтните зони. Големиот број на луѓе, меѓу кои и вработени во неговата фирма загинале на боиштата на Блискиот Исток.
Другиот осомничен е приведен во Призрен поради финансирање на двајца косовски граѓани кои сакале да се приклучат на ИД, а биле уапсени во декември, пред да го напуштат Косово. Приведениот набрзо бил ослободен.
Според полициски податоци околу 300 косовски граѓани се борат на страната на ИД, а повеќе од 50 се убиени. Над 100 луше се уапсени или под истрага за врбување на доброволци или за учество во конфликтите во Сирија и во Ирак.
Косовскиот суд минатата недела осуди маж на три години затвор бидејќи се борел на страната на ИД. Новиот закон предвидува до 15 години затвор за учество во странски конфликти.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање