Балкан
11. July 2019 - 17:20

Во Косово уапсени двајца Срби осомничени за шпионажа

Косовската полиција соопшти денеска дека на граничниот премин Бела Земја на границата со Србија уапсила две лица осомничени за шпионажа, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во краткото полициско соопштение се наведува дека лицата се косовски државјани од српска националност.

На осомничените, со одлука на надлежен обвинител, им е одредена мерката притвор.