-->
-->
Во Косово уапсен турски државјанин по кого е издадена меѓународна потерница
-->
Во Призрен вчера е уапсен турски државјанин, член на движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, по кого е издадена меѓународна потерница.
Според одлуката на обвинителството, на осомничениот му е одредена мерка притвор.
Станува збор за Угур Токсој, припадник на доброволците на Движењето на ѓуленистите во Косово. Тој работел во фондацијата „Атмосфера“, која се занимава со образовна дејност во Косово од 2004 година.
Токсој е уапсен под обвинение дека учествувал во обидот за пуч во јули минатата година во Турција. Тој денеска е сослушан од косовскиот суд, а во него имал потребни документи и дозвола за престој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“