Балкан
21. јуни 2017 - 11:46

Во Косово приведени пет лица поради трговија со луѓе

Косовската полиција соопшти дека уапсила пет лица под обвинение за трговија со луѓе. 

Косовската полиција пронашла 16-годишно девојче, кое претходно било пријавено како исчезнато во Липљан, по што на 14 јуни е започната истрага која довела до апсење на осомнилените. 

Поради случајот со исчезнатото девојче, приведен е маж кој ја држел под контрола девојката, користејќи ја, како што наведе косовската полиција, нејзината тешка економска состојба и семејните околности. Тој ја принудувал на сексуална експлоатација.

Во дополнителна полициска акција, е упасен уште еден маж. 

При претрес на локал во Пеќ, приведени се двајца мажи од албанска националност, додека на една 24-годишна девојка и е наложено да се појави пред Основниот суд во Пеќ. 

Тие се товарат дека извршиле дела „овозможување или присилување на проституција“ и „нудење простор за проституција“. 

По одлука на општинскиот инспекторат затворен е и локалот каде е извршен претресот.