Во Косово избрани 19 од вкупно 38 градоначалници
На седмите по ред локални избор, што вчера се одржаа во Косово, по пребројувањето на сите гласачки кутии, прозлегува дека од вкупно 38 општини, во првиот круг градоначалници се избрани во половина од нив.
Најголем успех на изборите забележала партијата на Иса Мустафа Демократски сојуз на Косово. Таа во првиот круг освои четири градоначалнички места и тоа во Пеќ, во Липљан, во Витина и во Косово Поле, додека во вториот круг свои кандидати ќе има во 10 општини.
Демократскатата партија на Кадри Весели го доби само градоначалничкото место во Дренаси, додека во втор круг свои кандидати ќе има во десет општини.
Партијата на актуелниот премиер Рамуш Харадинај Алијанса за иднината на Косово, ги освои општините Дренаси и Јуник, додека во вториот круг за градоначалник ќе се тркаат шестмина нејзини кандидати.
Катастрофални резултати забележа Движењето Самоопределување на Висар Имери, кое не освоило ни едно градоначалничко место, а во втор круг свои кандидати има во шест општини.
И Иницијативата за Косово на Фатмир Лимај во првиот круг нема освоено градоначалничко место, додека во втор круг е во општина Малишево.
Српска листа вчера,во првиот круг освои девет градоначалнички места и тоа во Северна Митровица, во Грачаница, во Лепосавиќ, во Нововерден, во Штрпце, во Зубин Поток, во Звечани, во Ранилуг и во Партеш, додека во втор круг е во општина Клокот, каде нејзиниот канидидат е во голема предност.
Партијата Алтернатива во втор круг свој канддат има во општина Ѓаковица.
Четиригодишен градоначалнички мандат освоија и двајца независни кандидати и тоа во Генерал Јанковиќ (Хан Елези) и во Србица (Скендерај).
Според косовскиот изборен законик второт круг на гласање ќе се одржи на 19 ноември.
На претходните локални избори одржани во ноември 2013 година од 38 општини дури во 25 од нив /спроведен втор круг на гласање.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок