Македонија
31. October 2016 - 12:51

Во кома моторџијата повреден во тешка сообраќајка во Аеродром

Вчера во 15.10 часот во ЕИК Скопје било пријавено дека на бул. „Видое Смилевски Бато“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (52) од Скопје и моторцикл управуван од Б.Н. (19) од Скопје.
 
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на моторциклот.
 
Истиот, во коматозна состојба е пренесен и задржан на лекување во Ургентниот центар - КАРИЛ.
 
Како сопатник на моторциклот бил А.Р. (22), и истиот бил задржан во Ургентниот центар и е во стабилна состојба.
 
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје.