Во Колорадо гори шума од 800 квадратни километри, можна евакуација на населени места
Во сојузната државата Колорадо горат шуми на површина од 800 квадратни километри. Оганот за првпат бил забележан вчера попладне и брзо се проширил благодарејќи на силниот ветар, јавуваат американските медиуми.
Ова е еден од најголемите пожари во историјата на државата. Спасувачите и пожарникарите се на терен и досега успеале да локализираат 62 отсто од пожарот. Се користи и авијација со помош на која на жариштата се исфрлаат специјални раствори за гасење пожар.
Според Си-ен-ен, има опасност пожарот да го зафати и населеното место Џејмстаун, властите на Колорадо ги повикаа неговите три илјади жители да се подготват за евакуација.
Синоптичарите прогнозираат ветерот да се засили вечерва, затоа пожарникарите брзаат да го изгасат огнот на колку што е можно повеќе површина.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право