-->
-->
Во Кочани „Топол културен бран 2016“ со богата програма
-->
Годинешниот „Топол културен бран 2016“ во општина Кочани кој ќе се реализира во две етапи во јули и август донесува богата програма од областа на класичната музика, театарската, ликовната уметност и фолклорот.
Годинешниот „Топол културен бран 2016“ ќе започне со концертот на гудачкиот квартет „Вива стрингс“ од Скопје, беше посочено на прес-конференцијата денеска, на која Голубинка Горгиева, од Одделението за општествени дејности на општина Кочани, ја претстави годинешната програма.
- Во периодот од 15 до 30 јули ќе биде прикажана и театарската претстава „Љубовници“ во изведба на МНТ од Скопје, како и концерт на поп групата„Игуана“ од Кочани, изјави Горгиева.
Втората етапа од „Топол културен бра“ која ќе се реализира од 15 до 30 август во Кочани донесува концерт на фолклорните герупи и ансамбли кои работат во општината.Тоа се фолклорните ансамбли„Кочани“Руен“,„ ЉупчоСантов“, „Мугри“ и ромскиот фолклорен ансамбл „Пралиппе“.
Во центарот за култура ќе биде приредена изложба под наслов„Здивот на летото“ со претставување на дела од посетителите на Школата за цртање и сликање при Центарот за култура „Бели мугри“.Ќе биде прикажана и преставата „Дафина од Серез-некрстени денови„ со КЦ „Скрб и уртеха“ од Скопје, а ќе се одржи и камерен концерт на Александра Коцева и Глигор Гелебешев.
Годинешната манифестација „Топол културен бран 2016“ финансиски е поддржана од Министерството за кулртура и општина Кочани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто