Македонија
6. March 2017 - 19:19

Во Кочани протестен марш на иницијативата „За заедничка Македонија“

​Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва одржа протестен марш во Кочани на кој граѓаните излегоа да го дадат својот глас против секакви обиди за нарушување на унитарноста на државата и против прифаќање платформи направени во туѓи држави.

Македонски знамиња вечерва се вееја низ улиците на Кочани, учесниците пееја патриотските песни, а имаше и голем број транспаренти за одбрана на јазикот и унитарноста да државата.

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва од Кочани порача дека народот не се согласува со прифаќање на уценувачки платформи од политички партии и дека треба да се оди на нови избори со што граѓаните сами ке си одредат што е добро за државата.

Протестниот марш во Кочани заврши во паркот на Револуцијата.