Македонија
14. October 2016 - 13:04

Во Кочани натпревар на млади библиотекари

Во Јавната општинска установа библиотека „Искра“ во Кочани денеска се одржа 17-от општински натпревар на млади библиотекари на кој учествуваа 14 натпреварувачи од петте основни училишта од општината.

- Натпреварот традиционално го организираме пред републичкиот натпревар на кој ги сумираме резултатите од акцијата за доближувањње на библиотеката до учениците од основните училишта во општината. Најуспешните ученици од петте основни училишта од Кочани денеска учествуваа на општинскиот натпревар на кој покажаа солидни резултати. Првото место со освоени максимален број на поени 100 го освои Марија Донева ученичка од осмо одделние од Основното училиште „Св.Кирил и Методиј“, второто место и припадна на Сандра Наумова од деветто одделение од Основното училиште „Никола Карев“ и третото место го освои Ана Ефтимова од деветто одделение од Основното училиште „Св.Кирил и Методиј“, изјави Румена Тодорова, директорка на Кочанската библиотека.
 
На најуспешните поединци и ментори им беа врачени дипломи и награди во книги што ги обезбеди Библиотеката „Искра“.Најупешниот натпреварувач победник на општинскиот натпоревар ке ја преставува општина Кочани и Библиотеката„Искра„ на републичкиот натпревар на млади библиотекари кој ке се одржи на 28 октомври оваа година во Велес. кг/сст/12:41