Свет
25. December 2020 - 8:37

Во кинески град тестираат милиони жители по седум нови случаи на заразени со Ковид-19

 Властите во пристанишниот град Даљен, во североисточна Кина, тестираат милиони жители откако во изминатите 24 часа беа пријавени седум нови случаи на заразени со коронавирус.

Во новото жариште на епидемијата во последните денови се евидентирани вкупно 12 случаи на инфекција.

Властите ги затворија училиштата и само неопходни категории вработени имаат дозвола за движење.

Пекинг исто така е во состојба на готовност бидејќи вчера беа пријавени два асимптоматски случаи, покрај два потврдени случаи од минатата недела.