Свет
6. August 2020 - 9:42

Во Кина се тестираат 4,8 милиони луѓе дневно за Ковид-19

Кина го зголеми бројот на тестови за коронавирус во последните неколку недели, така што на крајот на јули се тестираа 4,84 милиони луѓе дневно, изјави министерот за индустрија и информатичка технологија, Ванг Џианпинг.

Тој изјави дека речиси 5.000 медицински установи и 38.000 техничари спроведуваат масовни тестови за коронавирусот ширум Кина, пренесе Си-Ен-Ен.

Во Кина досега се заразени 88.328 лица со корона, додека починале 4.677, според податоците на универзитетот Џонс Хопкинс.