Свет
3. јуни 2021 - 10:19

Во Кина повеќе од 680 милиони лица примиле барем една доза од вакцината против коронавирус

 Во Кина повеќе од 680 милиони лица примиле барем една доза од вакцината против коронавирус, од кои половината тоа го сториле во мај, се наведува на сајтот „Нашиот свет во податоци“ (Our World in Data).

Во период од само пет дена во текот на минатиот месец Кина употребила 100 милиони дози од своите вакцини против Ковид-19.

Кинеските власти соопштија план за вакцинирање до крајот на годината на 80 проценти од населението кое брои 1,4 милијарди.

Според „Нашиот свет во податоци“, Кина низ светот дистрибуирала третина од вкупно досега произведените 1,9 милијарда дози вакцини.

Од сите страни на Кинезите им се упатуваат повици за вакцинација. Компаниите им нудат вакцини на вработените, училиштата апелираат до вработените и учениците да бидат вакцинирани, а претставниците на локалната самоуправа вршат проверки на населението.

Бидејќи кинеската Влада не дава официјални податоци, не е познато колку луѓе во Кина, земја во која се користат три вакцини, се целосно вакцинирани.