Во Кина потврдени 440 нови случаи на коронавирусот, деветмина починати
Кинеската државна комисија за здравство денеска соопшти дека заклучно со вчерашниот ден потврдени се 440 нови случаи на инфекција со коронавирус во 13 кинески провинции. Потврдени се девет смртни случаи и има докази за дека се пренесува со дишење од пациент на пациент.
Претходно беше објавено дека, заклучно со вчерашниот ден, имало пријавени повеќе од 300 случаи. Епидемијата се шири во градовите Пекинг и Шангај, со потврдени случаи во Тајланд, Јужна Кореја, Јапонија, Тајван, Макао и САД.
Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе одржи итен состанок по повод новиот корона вирус.
– Веќе е регистрирано пренесување на вирусот и инфекцијата од човек на човек. Докажано е дека болеста се пренесува преку респираторниот тракт и оти вирусот мутира, изјави директорот на Националната здравствена комисија Ли Бин.
Сите деветмина од починатите пациенти се од покраината Хубеи, која е најпогодена. Властите ги повикуваат граѓаните да избегнуваат јавни собири.
Стравот од епидемија се шири бидејќи милиони Кинези оваа недела ќе патуваат во своите домови за да ја прослават кинеската Нова година в сабота.
Новиот вирус е од групата вируси што предизвикуваат САРС, болест од која во 2002 и 2003 година починаа 800 луѓе во целиот свет, и која исто така потекна од Кина.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок