Свет
23. January 2016 - 14:27

Во Кина измерени рекордни минус 41 степен

Поголем дел од Кина денеска е зафатен од студен бран, кој не е забележан во последните 30 години. Во некои делови од земјата падна снег првпат по повеќе години, поради што се откажани авионски летови, а многумина биле принудени да останат во своите домови.

Портокалов степен на тревога е пробласен ширум земјата, бидејќи според прогнозите, температурата се очекува да се спушти на 41 степен под нулата во некои области, соопшти Националниот метеоролошки центар.

Најзагрозен од студот е северниот дел на Кина, посебно внатрешноста на Монголија.

Од вторник следната недела се очекува временските услови да се вратат на нормалните вредности за овој период од годината.