Македонија
31. January 2019 - 12:09

Во Кичево се намалува бројот на корисници на социјална помош

Корисниците на социјална парична помош во Кичево од 26 декември до 28 јануари можеа да ги обноват документите за добивање помош, информираат денеска од Центарот за социјални работи во Кичево.
 
Од Центарот информираат дека во предвидениот рок се поднесени 540 барања.
 
-Обновата се спроведе согласно Законот за социјална заштита, а корисниците на социјална парична помош поднесоа нови барања за тековната година. За оваa година  се поднесени 540 барања, што во споредба со мината година, имаме намалување бидеќи лани имавме 600 корисници, изјави в.д.директорот на Центарот за социјални работи во Кичево Ариан Имери.
 
Податоците кои што се потребни за преиспитување на материјалната сосотјба на семејството, Центарот ги добива по службена должност од соодветните институции УЈП, МВР, АВРМ и останати инстиуции.
 
Тој додаде дека интересно е и дека корисниците на постојана парична помош во Кичево се намалени од 87 колку што беа лани, на 84 оваа година.
 
Анализите во Центарот велат дека ова намалување се должи на вработувањето на дел од ланските корисници, но за жал највероватно еден дел се иселени.