Македонија
10. March 2017 - 20:43

Во Кичево протест за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија”

На платото пред Домот на културата во Кичево вечерва се одржи грѓански протест за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија”.

На присутните им се обрати Даме Силјаноски кој од име од име на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија” изрази разочарување што лидерот на СДСМ Зоран Заев не ја отфрлил „тиранската платформа“ чија главна цел е, вели, редефинирање на Република Македонија.

- Неприфатливо е што лидерот на најголемата опозициска партија и понатаму ја промовира платформата на Еди Рама во која се бара воведување двојазичност на цела територија, отпочнување на разговори за промена на знамето, химната и грбот, воведување двојазични банкноти и униформи на полицијата и армијата, како и декларација за осуда на партизаните кои ја изградија Асномска Македонија. Македониските државни симболи и обележја никогаш нема да дозволиме да бидат предмет на пазарење на кој било политичар само да дојде на власт. И нему и на сите кои сакат на сила да спроведат нешто што е против нашата татковина им порачуваме нема да ви помине, рече Силјаноски.

Собирот вечерва заврши со протестен марш низ улиците на градот. Протестите ќе продолжат и во понеделник во исто време, најавија организаторите.