Македонија
29. September 2024 - 13:11

Во Кичево приведен бегалец од затвор, спроведен е за доиздржување на казната

На улицата „Маршал Тито“ во  Кичево вчера во 13 часот  полициски службеници го привеле Џ.С.(44) од Тетово, соопшти денеска МВР.

Тој бил баран врз основа на издадена наредба од Основниот суд во Тетово и распишана потерница од Казнено поправната установа „Затвор Идризово“ -Скопје, за  доиздржување на казна затвор во траење од една година и девет месеци.

Лицето е спроведено во казнено поправната установа.