Македонија
12. October 2016 - 14:31

Во Кичево претставен проектот “Мултикултурализмот во локално ниво”

Проектот на Асоциациата за Демократска Инициатива (АДИ) кој е финансиран од Европсата Унија денеска беше претставен во Кичево. Со овој проект се опватени девет општини од цела територија на Република Македонија, со мешан етнички состав.

Кординаторот на овој прект Енис Бафтијари рече дека целта на овој проект е подобрувањето на меѓуетничките односи на локално ниво, како што рече, целна група се младите луѓе во сите општини каде што се имплементира овој проект. Проектот особено акцент става на почитување на разликите во  етничка, верска и кулурна основа.

Моника Вељаноска истака дека АДИ има за цел да ги презентира прет јавноста сите истражувања кои се извршени за детектирање на проблемите со кои се мачат сите луѓе кои живеат во овие општини.

Проектот е долгорочен и е предвидено да трае до 30 јуни 2018 година.