Македонија
21. November 2016 - 12:12

Во Кичево одржана работилница за градење партнерство и развој на проект

Здружението „Асоцијација за демократска иницијатива од Гостива“, денеска во Кичево одржа работилница за градење партнерство и развој на проект, како дел од проектот „Локални партнерства за социјална инклузија“.

Целта на работилницата е преку зајакнување на капацитетите за мулти - секторската соработка помеѓу локалните институции, граѓанскиот и приватниот сектор да се поттикне и оформување на локално партнерство составено од претставници од клучните чинители на локално ниво, кое би можело ефективно и ефикасно да се употреби во решавање на локалните социо-економски проблеми. Локално партнерство ќе поттикне и изработка на проект врз основа на приоритетните проблеми во општината идентификувани на работилницата за градење консензус, од страна на претставници на клучните чинители од општината.

Со тоа, беше посочено на работилницата, учесниците можат да учествуваат и во подготовката на Локален акциски план за социјална инклузија кој ќе преставува рамка за делување во надминувањето на критичните проблеми од социо – економска природа со кои се соочува локалното население, со посебен нагласок на веќе идентификуваните приоритети.

Подготвениот локален акциски план за социјална инклузија ќе биде претставен и усвоен од страна на Советот на општина Кичево.

Проектот е финансиран од Европската Унија, информира Нино Сотироски, проект-координатор на Асоцијацијата за демократски иницијативи.