Македонија
25. September 2018 - 10:53

Во Кичево изложба на керамички изработки

Изложба од Младинската керамичка работилница вечер ќе биде отворена во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево. Керамичките производи се изработени и дизајнирани од членови на ликовниот клуб „Кочо Рацин“ од Кичево и ученици од Државното училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ - Скопје.

- На изложбата ќе учествуваат Милена Петковска, Ирена Ѓоргоска и Ива Мирчевска од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ од Скопје, како и Мартин Србиноски, Кристина Таневска, Елена Столеска, Сара Божиноска и Антонела Илиевска од ликовниот клуб „Кочо Рацин“, изјави Маја Николовска Силјаноска од Центарот за културата во Кичево.

Таа нагласи дека годинава по четврти пат се организира изложба на керамички изработки под покровителсво на Министерсвото за култура на Република Македонија.

Изложбата ќе се отвори во 19 часот, а влезот ќе биде слободен.