Македонија
24. September 2018 - 14:01

Во Кичево 31 лице ќе гласа во домашни услови

Вкупно 31 пријава за гласање во домашни услови на претстојниот референдум пристигнале во сабота до 24 часот, кога заврши пријавувањето на граѓаните. Најголемиот број пријави пристигнале во текот на последниот ден.
 
- До нашата општинска изборна комисија во предвидениот рок - 22 септември, пристигнаа вкупно 31 пријава на граѓани, кои поради одредени здравствени проблеми побарале да гласаат во домашни услови. Оваа бројка е многу помала за разлика од претходните локални и парламентарни избори, кога изнесуваше околу 200. Повеќето пријави (20), пристигнаа во текот на последниот ден. Најголем број пријавени се корисници на туѓа нега и нивните пријави мислам дека во поголем број ќе бидат прифатени, рече Антигона Сефери преседател на ОИК Кичево.
 
Во меѓувреме, денеска на седница комисијата при ОИК -Кичево ги прифатила сите барања кои стигнале до нив, со што 31 лице во оваа општина на престојниот референдум ќе гласат во домашни услови.