Македонија
12. October 2017 - 18:36

Во Кенија забранети протести на опозицијата

 Кениските власти забранија демонстрации во три града, во кои изминатиов период се одржуваа протести на опозицијата пред новите претседателски избори закажани за 26 октомври.
 

- Демонстрациите во градовите Најроби, Момбаса и Кисум се забранети поради јасната закана дека може да дојде до загрозување на јавниот ред и мир, изјави министерот за внатрешни работи, Фред Матианга.

Опозицијата организираше протести изминатите недели во овие градови против изборната комисија која се смета за одговорна за нерегуларностите на претседателските избори на 8-ми август.

Врховниот суд на Кенија ги поништи изборите што ги доби претседателот Ухуру Кенијата.Новите избори се закажани за 26 октомври.  

Во демонстрациите во Кенија досега загинаа 37 лица.