Во Кавадарци протестен марш на „Заедничка Македонија“
Протестен марш и вечерва се реализираше во Кавадарци од страна на приврзаниците на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, која се залага за неприфаќање на т.н тиранска платформа“ и зачувување на унитарноста на државата.
Пред присутните говореше Гоце Ефремовски, претседател на граѓанското здружение „Древни Македонци" од Кавадарци, кој повика на обединување. Рече дека во политиката и секојдневието имало и ќе има бракови од интерес. Но, додаде, народот е последниот бедем што природно е повикан да ги исправа политичките грешки и одлуки за погубен брак.
-Да застанеме сите сложно зад нашиот еден и единствен интерес-Македонија, повика Ефремовски, нагласувајќи дека е ова битка за опстојување и за зачувување на ова мало парче земја, наречено Македонија.
Ги осуди постапките на сите оние кои, како што рече, одработуваат туѓи платформи и интереси. - Сите заедно да си го зачуваме ова преостанато вековно огниште! И во мир и спокој да ги положиме нашите коски!, рече Ефтимовски.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата