Бизнис
17. December 2015 - 11:04

Во Кавадарци промовиран Гарантниот фонд за земјоделците

Пред земјоделците од Кавадаречко и Росоманско синоќа беше презентиран Гарантниот фонд, инструмент кој ќе овозможи полесно реализирање на инвестициите во аграрот. 

Како што беше речено при претставувањето на деталите, поволностите и можностите што ги нуди Фондот, користењето на средствата ќе биде преку комерцијалните банки. 

- Гарантниот фонд помага кредитирање при инвестиции во земјоделството. Секој земјоделец може да го користи. Ако претходно требало да се даде гаранција три спрема еден, сега гаранцијата е помала, изјави Виктор Младеновски  од Секторот  за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На земјоделците им беа објаснети и програмите за поддршка кои ги нуди Министерството за земјоделство.