-->
-->
Во Кавадарци промовиран Гарантниот фонд за земјоделците
-->
Пред земјоделците од Кавадаречко и Росоманско синоќа беше презентиран Гарантниот фонд, инструмент кој ќе овозможи полесно реализирање на инвестициите во аграрот.
Како што беше речено при претставувањето на деталите, поволностите и можностите што ги нуди Фондот, користењето на средствата ќе биде преку комерцијалните банки.
- Гарантниот фонд помага кредитирање при инвестиции во земјоделството. Секој земјоделец може да го користи. Ако претходно требало да се даде гаранција три спрема еден, сега гаранцијата е помала, изјави Виктор Младеновски од Секторот за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
На земјоделците им беа објаснети и програмите за поддршка кои ги нуди Министерството за земјоделство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето