Македонија
3. September 2019 - 10:36

Во Кавадарци превентивна акција за безбедност на учениците во сообраќајот

Превентивна  акција за безбедност на учениците во сообраќајот беше реализирана денеска во Кавадарци, од страна на Одделението за превенција при Полициската станица од општа надлежност.

-Активноста ја реализиравме пред неколку училишта во градот. Целта  е безбедно одење и враќање на учениците на училиште, безбедно поминување на раскрсниците и улиците, посебно на најмладите учесници во сообраќајот. Истовремено, на сите ученици им посакавме среќна и безбедна учебна година, рече Димитар Каракулев, инспектор за превенција.

Тој нагласи дека со вакви и слични превентивни акции со кои се подигнува јавната свест и се влијае врз намалувањето на негативните појави во општеството, продолжуваат и понатаму.