Во Кавадарци одбележана неделата за грижа кон старите лица
Акција за бесплатно мерење на шеќер и крвен притисок кај стари лица беше организирана денеска во Кавадарци, во рамките на одбележувањето на неделата за грижа кон старите лица, која трае од 21 до 28 овој месец.
Акцијата беше спроведена од страна на општинската организација на Црвениот крст од Кавадарци, во соработка со Здружението на пензионери од овој град.
Доктор Ѓорѓи Митрев рече дека во рамки на акцијата се мери крвниот притисок кај сите заинтересирани и им даваат совети. - Мотото на оваа кампања е „Сите сме ние нивни деца”. Целта е да се мотивираат младите лица да им помагаат на старите, рече Митрев.
Црвениот крст од Кавадарци оваа седмица имаше повеќе различни акции, во кои беа вклучени волонтерите од оваа хуманитарна организација. Meѓу другото, посетени биле повеќе домови и пружана помош на повеќе стари лица.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата