Во Кавадарци изложба на фотографии поврзани со скопскиот земјотрес од јули 1963 година
Во Кавадарци денеска беше отворена изложба на фотографии поврзани со скопскиот земјотрес од 26 јули 1963 година, во организација на Музеј на град Скопје и во соработка со локалната музеј галерија и кавадаречката локална самоуправа.
Директорката на кавадаречкиот Музеј, Весна Ѓорѓиева појасни дека се презентираат стотина фотографии и разгледници на 30 паноа, на 56-годишнината од катастрофалниот земјотрес. Ова е една од четирите изложби на Музејот на град Скопје посветени токму на земјотресот и е насловена ,,Скршениот град”.
Куратори на изложбата се Јасминка Намичева, кустос-советник и архитект и Зоја Богданоска, историчар при Музеј на град Скопје. Намичева потсети дека проектот ,,Museum link” досега има донесено неколку изложби во Кавадарци, заедно со локалната музеј галерија. Таа изрази благодарност за соработката и рече дека така ќе продолжи и во иднина со интересни содржини.
– Музејот на град Скопје е всушност споменик на земјотресот. Секој 26 јули ние подготвуваме нова концепција за некоја нова изложбена тема. Изложбава е составена од принтови од оригинални разгледници кои биле отпечатени по земјотресот, рече таа.
Идејата била да се прикаже што значи културната меморија која сите ја носиме за одредени нешта и колку е таа значајна за градењето на сликата за еден град.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација