Македонија
11. December 2016 - 18:16

Во Кавадарци до 17 часот излезноста 70,09 отсто, во Росоман 75 проценти

Во Кавадарци до 17 часот гласале 70,09 отсто од гласачите, а во Росоман 75 проценти, информираа претседателите на општинските изборни комисии во двете општини, Зоран Костов и Лазо Симоновиќ.

Според нив, гласањето почна навреме.

Во Кавадарци се гласа на 60 избирачки места и засега изборите течат без проблеми, со исклучок на 30-минутниот прекин на едно избирачко место. Во Избирачкиот список за гласање на предвремените парламентарни избори во оваа општина се запишани 32.431 гласач.

И во Росоман навреме беа отворени десет избирачки места и засега гласањето е без проблеми. Регистрирани се 3.393 избирачи.