Македонија
17. October 2021 - 18:29

Во Кавадарци до 17 часот гласале 52.39 проценти од 32.163 лица кои имаат право на глас

Од 32.163 лица во Кавадарци, кои имаат право на глас, до 17 часот изгласале 52.39 проценти, за МИА информираше Емилија Петровска, претседател на Општинската изборна комисија.

Во Кавадарци се гласа на 59 избирачки места.

Кавадарчани бираат меѓу двајца кандидати за градоначалник, како и 13 советнички листи.