-->
-->
Во Каталонија забранети забави на отворено, казна до 15.000 евра
-->
Каталонија забрани неформални забави на отворено популарни кај младите луѓе, со предупредување дека сите кои ќе учествуваат ќе бидат казнети со парична казна до 15.000 евра.
Мерката беше објавена еден ден откако лидерот на каталонците, Ким Тора, рече дека оние кои учествуваат во традиционалниот „ботељон“, каде што младите се собираат ноќе на улица или во парковите за да споделат пијалоци и да се забавуваат, постапуваат неодговорно.
Каталонија е најтешко погодена од новиот коронавирус со 75.613 случаи, вклучително и 10.134 во последните две недели.
Каталонската Влада во петокот нареди затворање на сите ноќни клубови, додека баровите и рестораните затвораат на полноќ во десетици општини, вклучувајќи ја и Барселона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море