Свет
1. October 2017 - 17:25

Во Каталонија се одржува референдум за независност, со бројни инциденти и судири на граѓаните и полицијата

 Каталонската регионална Влада соошти преку Твитер дека 337 луѓе се повредени во „насилствата на шпанската полиција“ за време на одржувањето на референдумот за независност.

Портпаролот на таа влада Жорди Трули ги објави тие бројки и на прес конференција на која ги обвини шпанските полицајци за бруталност.

Трули го обвини и шпанскиот премиер Маријано Рахој дека е одговорен за насилствата.