Свет
30. August 2015 - 9:30

Во Канада 200 илјади домаќинства останаа без струја поради бура

Околу 200 илјади домаќинства останаа без струја во западната канадска провинција Британска Колумбија поради бура, проследена со урагански ветрови и пороен дожд. 

Невремето го погоди јужниот дел од провинцијата, меѓудругото и Ванкувер, мегаполисот на Британска Колумбија.

На одредени места брзината на ветерот достигна 117 километри на час.

Стотици дрва се откорнати. Прекинатите се електричните линии, а нанесена е материјална штета на десетици автомобили и на станбени згради.