-->
-->
Во камион пронајдени околу 100 килограми марихуана, приведен 66-годишен маж
-->
– Во товарно моторно возило „даф“, со бугарски национални ознаки, со приколка „тирсан“, со македонски регистарски ознаки, кое го управувал М.К.(66) од Јосифово, валандовско полицијата ноќеска пронашла и запленила околу 100 килограми марихуана.
Како што изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски, ноќеска околу 00.10 минути по полноќ на Граничниот премин „Табановце“, товарното визило било зпртено по добиени оперативни сознанија дека пренесува опојна дрога.
-Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за недозовлена трговија со дроги, оружје и опасни материи – Единицата за недозволена трговија со дроги во кооординација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, СВР Куманово, во содејство со царински службеници извршиле преглед и претрес на возилото, при што во дополнителен резервоар биле пронајдени 90 пакувања наркотична дрога марихуана со тежина од околу 100 килограми, еден пиштол „MAUSER“ калибар 7,65 мм, една рамка за пиштол со шест куршуми калибар 7,65 мм и еден пригушувач за пиштол.
Лицето било приведено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот