Македонија
7. October 2017 - 16:38

Во каква атмосфера се одвива кампањата за локалните избори – Партиите со спротивен став

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР тврди дека првата недела од изборната кампања поминала мирно и без инциденти. Пукањето во Кичево во кое загина кандидатоот за градоначланик во Кичево -  Алит Абази, а уште двајца беа ранети, странските набљудувачи во првиот извештај не го ни споменуваат иако настанот влегува во набљудуваниот период од 13 до 29 септември, односно се случи на 26-ти септември. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку пати апелираше дека се работи за инциндет поврзан со изборите.

- Опкружувањето пред почетокот на кампањата беше мирно, со неколку изолирани инциденти. МНИ на ОБСЕ/ОДИХР воочи случаи на предвремено почнување на кампањите од страна на неколку партии. Бројни соговорници на МНИ на ОБСЕ/ОДИХР изразија загриженост околу потенцијалното купување гласови, заплашување и користење на владини ресурси за водењето кампања, стои во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР.

Најголемите инциденти за странските набљудувачи било тоа што се одржале партиски митинзи ден пред почетокот на официјалмната кампања, како и вандализирањето на штабовите на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела вода, Кавадарци и на СДСМ во Бутел и Аеродром.  Кривичните пријави за градоначалници, како и носењето на закони од страна на власта поврзани со финансиски и социјални прашања што може да влијае врз изборите се само споменати.

- Кампањата отпочна со свечени митинзи, каде партиските лидери ги презентираа своите кандидати, ги открија слоганите за кампањата и ги претставија платформите на политиките. Иако партиите водат кампањи на општински теми, платформите ги отсликуваат националните агенди. Од 25 септември натаму се појавија големи билборди во урбаните центри, претставувајќи ги првенствено кандидатите за градоначалници...“ , опишуваат странските набљудувачи.

Мисијата на ОДИХР е задоволна и од работата на ДИК, но и од Избирачкиот список иако тој брои милион и 8000 илајди избрчи, што досега според ОБСЕ беше нелогично според бројот на жители во државата.

За текот на кампањата со оценки денеска излегоа и власта и опозцијата.  ВМРО-ДПМНЕ веќе обвини дека смртта на Абази како и претепувањето на кандидатот за градоначланик во Шутка и вклучувањето на кадри на СДСМ во изборните органи покажува дека власта не може да обезбеди мирен и фер изборен процес.  Во партиско соопштение денска обвинија и за залоупотреба на државните ресурси.

- Наместо со сопствени возила тие користат државни ресурси, дополнително продолжуваат со политичката хајка, паниката и стравот од пораз која се затскрива со измислени кривични пријави против градоначалници, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ се јавија со реакција:

-Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не знае и не може да функционира во фер и регуларен изборен процес, па затоа не може да престане со ширење лажни вести.